ШТО ПРЕТСТАВУВА ОНЛАЈН ПАНЕЛОТ „ПРАШАЛНИК“?

ИСПЛАТЛИВО Е!
Со секој пополнет прашалник добивате одреден број на поени кој зависи од должината и комплексноста на прашалникот.
Во согласност со правилата на онлајн панелот „Прашалник“ доволно е да соберете минимум 1.000 поени кои одговараат на вредност од 500 денари за да добите право на исплата на средства.

Најзначајниот консултант за било која успешна компанија си токму ти – потрошувачот!

Успешните компании се потпираат на твоето мислење, твоите впечатоци, твоите очекувања при креирање на нови или подобрување на постојните производи и услуги.
Онлајн панелот  „Прашалник“ е алатка која ги поврзува компаниите и потрошувачите. Преку пополнување на прашалници можеш да заработуваш едноставно и безбедно од дома, на работа, во парк или каде и да си и притоа да помогнеш за подобрување на постојните или развој на нови производи и услуги, како и подобрување на работењето на компанијата преку споделување на твоето мислење, ставови и искуства на различни теми.

За возврат, со секој правилно пополнет прашалник добиваш одреден број на поени кои можеш да ги замениш за пари кои ќе бидат исплатени на твојата сметка.
Што е подобро од тоа да те плаќаат за да го кажеш своето мислење?

Колку повеќе прашалници одговориш, толку повеќе поени собираш кои можеш да ги претвориш во парична заработка.

ЗОШТО БИ СЕ ПРИКЛУЧИЛЕ?

 ✔ ЛЕСНО Е!
Штом станете член на онлајн панелот „Прашалник“ тој ќе ви испрати покана за учество во анкетата за истражување каде се потребни испитаници со ваш демографски профил. На вашата е-маил адреса ќе добиете прашалник во електронска форма кој можете да го пополните преку компјутер, мобилен, таблет или кој било уред каде што ќе имате интернет-конекција.

✔ БЕЗБЕДНО Е! 

Учеството во истражувањата секогаш е анонимно и ние никогаш нема да го споделиме, позајмиме или да ги продадеме вашите лични податоци на трети лица. Резултатите и одговорите од одделен испитаник никогаш нема да бидат споделени со кого било без претходна изречна согласност на испитаникот.
Вашите лични податоци се третираат со потполна дискреција и се користат исклучително за две цели:
⇨ статистичко поврзување на вашиот демографски профил со одговорите на вашите прашања
⇨ исплатата на заработените средства на вашата сметка

✔ ИСПЛАТЛИВО Е! 

Со секој пополнет прашалник добивате одреден број на поени кој зависи од должината и комплексноста на прашалникот. Во согласност со правилата на онлајн панелот „Прашалник“ доволно е да соберете минимум 1.000 поени за да добите право на исплата на средства.