ЗАРАБОТКА ЗА ПАНЕЛИСТИТЕ

Кога членот на панелот ќе собере 1.000 поени кои одговараат на вредност од 500 денари
може да побара исплата со испраќање на барање на е-маил адресата: isplata@prasalnik.mk


✦ ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ОНЛАЈН ПАНЕЛОТ „ПРАШАЛНИК“

Маркет Висион ДООЕЛ спроведува истражувања на пазарот преку онлајн панелот „Прашалник“, овозможувајќи им учество на сите заинтересирани учесници преку пополнување на формуларот за регистрација на интернет-страницата www.prasalnik.mk
Со правилна регистрација на онлајн панелот „Прашалник“, учесниците се стекнуваат со својство на член на панелот и имаат право на учество во интернет-анкети за коишто им следува соодветен надоместок.
Членството во онлајн панелот „Прашалник“ е бесплатно.
На членовите на панелот преку електронска пошта повремено им се испраќаат покани за учество во интернет-анкети и за секој правилно пополнет прашалник, членот добива одреден број на поени кои се регистрираат во системот и истите може да ги замени за пари кои ќе му бидат исплатени на сметка.
Членовите на панелот немаат обврска да учествуваат во анкетите за коишто добиваат покани и секој член сам одлучува дали сака да учествува во анкетата за којашто бил поканет или не.
Сите лични податоци подлежат на одредбите за заштита на личните податоци и не се проследуваат на трети лица.
Одговорите на прашалниците, кои членовите на панелот ги пополнуваат, се поврзуваат со социодемографските карактеристики и се презентираат групно во анонимна форма заедно со одговорите на сите учесници.
Со самиот чин на регистрација, членовите ги прифаќаат обврските кои ги наметнуваат условите на користење преку што се регулира односот помеѓу Маркет Висион и членовите на онлајн панелот „Прашалник“.

✦ УЧЕСТВО ВО ИНТЕРНЕТ АНКЕТИТЕ

Со регистрацијата, односно зачленувањето на онлајн панелот „Прашалник“, членот не стекнува обврска ниту право да учествува во интернет-анкетите, туку се здобива со право за учество во одредени интернет-анкети доколку е поканет да учествува.
Маркет Висион го задржува правото да изврши селекција на членовите кои ќе бидат вклучени да учествуваат во интернет-анкетите во зависност од барањата на самото истражување.
За одредени истражувања каде има прецизно дефинирани критериуми за избор, може да не се квалификуваат сите членови. Доколку бројот на членови, кои ги исполнуваат демографските  карактеристики, потребни за одредена анкета е поголем од потребите на истражувањето, членовите ќе бидат избрани по случаен избор.
Членот нема право да бара да учествува во минимален број на анкети во одреден временски период.
Поканите за учество во интернет-анкетите се наменети лично за членот на кого му се испратени и истите треба да се придржуваат до правилата и на анкетите да одговараат самостојно без сугестии и помош од трети лица.
На членовите им е строго забрането да ја користат оваа покана за да им овозможат на трети лица да учествуваат во веб-анкетата во нивно име.
Секој член на онлајн панелот е должен свесно да даде точни информации и не смее намерно да дава неточни одговори во анкетата.
Еднаш започнатата анкета треба да се заврши до крај, односно да се одговорат сите прашања. Во спротивно истата нема да биде сметана како целосна и за истата нема да бидат регистрирани поени.
Маркет Висион го задржува правото да прогласи одредени анкети за неважечки доколку не се целосно пополнети или се немарно пополнети, при што особено внимание се посветува на одговорите на отворените прашања, кои треба да бидат целосни и осмислени. Во случаи на пополнети прашалници со нецелосни или немарно пополнети одговори, за истите нема да бидат регистрирани поени и членовите кои повеќекратно даваат такви одговори ќе бидат исклучени од панелот.
За секоја пополнета анкета, учесникот во анкетата ќе добие потврден одговор за тоа дали неговата анкета е целосно и правилно пополнета.
Членот се обврзува дека нема да ги споделува информациите до кои дошол по пат на анкетата, односно дека нема да им ги отстапи на трети лица.

✦ ОДГОВОРНОСТИ НА МАРКЕТ ВИСИОН

Маркет Висион не е одговорен за технички грешки кои не се во надлежност на Маркет Висион, како ни штетата причинета од виша сила или други непредвидени околности, како што е штетата причинета од делување на трети лица.

Маркет Висион го задржува правото од интерни причини да престане со давање на услуги на одреден временски период. Во такви случаи на прекин, членовите немаат право да бараат надомест на штета од Маркет Висион.

Маркет Висион не носи одговорност за посредна и непосредна штета, губење на приходи или друга штета која настанува како последица од побарувањата на трети лица.

✦ ЗАБРАНА ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНИТЕ НА ПАНЕЛОТ

Анкетите и прашалниците кои им се испраќаат на членовите, како и содржината на истите се заштитени со закон. Споделување, копирање, обработка или измена на содржината од анкетите како и нивно обелоденување или пак доставување до трети лица или јавност, во целина или делумно не е дозволено.

✦ ОТКАЖУВАЊЕ НА ЧЛЕНСТВО

Членството во панелот е бесплатно и не е временски ограничено. Членовите може да се откажат од членството во секој момент со испраќање на барање на е-маил:
otkazuvanje@prasalnik.mk
Маркет Висион го задржува правото да исклучи член од панелот доколку постои основано сомнение дека членот ги прекршил условите на користење со моментално дејство преку испраќање на известување по пошта или е-маил.
Резултатите од анкетите во кои тој член учествува во моментот се поништуваат.

✦РЕГИСТРАЦИЈА НА ОНЛАЈН ПАНЕЛОТ „ПРАШАЛНИК“

За да може да учествува во интернет анкетите на онлајн панелот „Прашалник“, секој член мора да се регистрира преку пополнување на формуларот за регистрација кој може да се најде на ТУКА,
при што:

Треба да ги прифати условите на користење
Мора да има наполнето најмалку 18 години и да има постојано живеалиште во Р. Македонија
Не смее да биде вработен или пак некој од неговото семејство да биде вработен во други агенции и организации кои се занимаваат
со истражување на пазарот
Не смее да се регистрира на панелот повеќе од еднаш и не смее при регистрацијата да остави лажни податоци со цел да стекне својство на член на панелот за да може да учествува во анкетите
Не смее да го пренесува правото на член на панелот на трети лица по регистрацијата

По пополнување на регистрацијата, секој учесник треба да очекува одговор за успешна регистрација или пак барање за дополнителни информации во зависност од целосноста на податоците кои ги внесува при регистрација.

Доколку членот при регистрацијата даде лажни податоци за себе, ако се регистрира со повеќе профили или пак им даде податоци на трети лица со цел да го користат правото на член на панелот, Маркет Висион го задржува правото да го исклучи тоа лице од панелот.
Маркет Висион исто така го задржува правото поените кои до тогаш ги стекнал учесникот, истите да ги задржи, како и да бара надомест на штета и да покрене судски спор против тој член.
Сите регистрирани членови ќе добиваат повремено барање по електронска пошта за ажурирање на нивните податоци.

Маркет Висион го задржува правото да побара копија од лична карта заради контрола податоците при регистрацијата, како и да не одобри членство и по направена регистрација.

✦ ЗАРАБОТКА ЗА ПАНЕЛИСТИТЕ

За секоја целосно и правилно пополнета анкета, членот добива надоместок изразен во поени кој ќе биде назначен во поканата за учество во интернет-анкетата. Поените се бележат на сметката на членот и истите ќе може да ги замени со пари кога ќе биде освоен минимален број на поени кои ќе му бидат исплатени на сметка на корисникот.
Надоместокот кој се доделува за секоја анкета го одредува Маркет Висион, во зависност од видот, времетраењето и сложеноста на анкетата. Поените кои се добиваат за одредена анкета е ист за сите учесници и јасно е назначен во поканата за учество во анкетата.
Евиденцијата за моменталната заработка може да се добие преку испраќање на барање на следнава е-маил адреса:
poeni@prasalnik.mk
Кога членот на панелот ќе собере 1.000 поени може да побара исплата со испраќање на барање на е-маил адресата:
isplata@prasalnik.mk.

Исплаќањето се врши квартално.
Пред исплата на наградата, неопходно е членот на панелот да потпише договор со Маркет Висион кој се испраќа на куќната адреса на членот на панелот кој се квалификува за награда.
Доколку членот на панелот во рок од две години од датумот на последниот упис на поените не ги искористи, истите престануваат да важат. По истекување на овој датум членовите немаат право да бараат исплата на поените.

✦ ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

Маркет Висион придава големо значење на приватноста на секој член на панелот и дава апсолутен приоритет на заштита на чувствителните податоци за сите членови. Собирањето, обработката и користењето на личните податоци на членовите се врши во склад со насоките за Законот за заштита на личните податоци. Исто така, Маркет Висион се придржува до најстрогите прописи на кодексот на ЕСОМАР за истражување на јавното мислење и истражување на пазарот.
Маркет Висион се обврзува личните и контакт податоци од членовите на панелот во ниту еден случај да не ги проследува на трети лица. Податоците за членовите ќе бидат користени исклучиво за потребите на интернет анкетите и ќе им бидат достапни само на вработените во Маркет Висион.
Податоците од членовите на панелот ќе бидат искористени за следниве цели:
Избор на учесници за учество во поединечни анкети помеѓу членовите на панелот
Испраќање на покани за учество во интернет анкетите
Известување и исплата на заработените поени

Сите информации кои ги дава членот за потребите на интернет анкетите анкетите, ќе се третираат како строго доверливи и ќе бидат анонимни, односно во текот на обработката на податоците нема да се користат лични податоци за членовите. Презентацијата на податоците пред нарачателот на анкетата ќе бидат исклучиво анонимни, а никако лични податоци за членовите.

Во случај на прекинување на членството, сите лични податоци се бришат во рок од 30 дена од прекинот на членството.
Личните податоци кои ни се дадени во процесот на регистрација се чуваат на сигурен сервер и се користат исклучиво за целта за спроведување на истражувањето.

✦ ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА УСЛОВИТЕ НА КОРИСТЕЊЕ

За измени во условите за користење, Маркет Висион ги известува членовите на панелот преку електронска пошта пред тој да стапи на сила. Доколку во рок од 14 дена по примањето на писменото известување за промена на условите, членот не достави жалба до Маркет Висион ќе се смета дека измената на условите е прифатена.

✦ НАДЛЕЖНОСТ НА СУД

Во случај на спор помеѓу член на панелот и Маркет Висион, надлежен е Oсновен суд Скопје 2 во Скопје.