НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Како функционира процесот на исплата?

Доколку сте успеале да соберете 1001 поен што одговара на вредност од 500 денари заклучно до 15-ти март и сакате истите да ги замените со парични средства, тогаш најпрво треба да испратите е-маил со барање за исплата. Потоа ќе ви биде доставен образец од договор на домашна адреса кој треба да го пополните и заедно со копија од вашата лична карта и трансакциска сметка да ни го испратите по пошта на адреса: Маркет Висион, ул. Козле бр.8, 1000 Скопје. По добиените потребни документи, ние ќе извршиме контрола над истите и доколку е се во ред односно истите се валидни и точно пополнети, средствата ќе бидат префрлени на ваша сметка во предвидениот рок. Доколку имате било какво прашање во однос на процесот на исплата, можете во секое време да не контактирате на нашата е-маил адреса isplata@prasalnik.mk , по што во рок од три дена нашиот тим ќе прати одговор на вашето прашање.

Колку анкети ќе добивам?

Нема одреден број на анкети кои ќе ги добивате во конкретен временски период. За секое истражување се избираат учесници со соодветен демографски профил по случаен избор од сите членови на панелот, така што во некој период може да се случи за кратко време да добиете повеќе анкети, а во друг период подолго време да не сте контактирани за ниедна анкета.

Дали има контрола на одговорите во секоја анкета?

Да. Со цел да бидеме сигурни дека добро сте го обмислиле секој одговор, воспоставивме контролни проверки за сите анкети при секое истражување. За одговорите кои не се логични или чие одговарање е направено немарно, колку што побрзо да се заврши анкетата, нема да се доделуваат поени. Оваа контролна проверка важи за сите истражувања и секој испитаник подеднакво.

Што се случува со моите одговори?

Сите истражувања се спроведуваат според кодот на однесување на ЕСОМАР (Европската асоцијација за истражување на јавното мислење и истражување на пазарот). Одговорите од анкетите ќе бидат користени само за потребите на даденото истражување и во врска со истите нема да бидете контактирани од трето лице. Овие одговори се разгледуваат групно и се претставуваат само како просечна оцена (пр. 8 од 10 лица во Македонија преферираат да купуваат во големи супермаркети). Исто така сите одговори се анонимни, што значи дека не се поврзуваат со личните податоци на учесникот, туку само со неговиот социо-демографски профил.

Колку ќе заработам со еден прашалник?

Бројот на поени, односно надоместот кој ќе добиете со секој прашалник е различен и зависи од должината и комплексноста на истиот. За да бидете однапред информирани, со секој испратен прашалник ќе добиете информација во однос на тоа колку е просечното времетраење на прашалникот и нивото на комплексност, како и точниот број на поени кој би го заработиле со правилно пополнување на истиот.

Кога можам да побарам исплата на заработените средства?

Исплатата на средствата се врши квартално, односно на секои три месеци (март, јуни, септември и декември). За да бидете исплатени треба да соберете минимум 1000 поени кои одговараат на вредност од 500 денари и да побарате исплата на следнава е-маил адреса: isplata@prasalnik.mk, по што ќе добиете образец од договор на кој треба да ги пополните вашите податоци и да го доставите до нас за да може да биде извршена исплатата.

Во колку анкети можам да учествувам?

Право да учествуваат во анкетите имаат оние членови на панелот кои добиле покана за учество во одредено истражување. Учеството во анкетите е доброволно и самите избирате кои анкети сакате да ги одговорите, а кои не. Она што треба да го имате во предвид е дека на секоја одделна анкета можете да одговарате само еднаш и најдобро е да не го одложувате одговарањето на добиената анкета бидејќи штом доволен број на лица со одреден демографски профил ја пополнат анкетата, системот нема да ви дозволи да одговарате на истата.

Дали може да имам повеќе од еден профил?

Не. Успехот на онлајн панелот „Прашалник“ се потпира на искреноста на сите негови членови. Секој кој ќе се обиде да креира повеќе профили ризикува сите тие профили да бидат избришани и да ги изгуби сите заработени поени преку такви профили. За да овозможиме фер услови за соработка со сите членови, ние сериозно им пристапуваме на сите измамнички дејствија и ги истражуваме сите сомнителни регистрации или обиди за учество во интернет анкетите. Притоа активно спречуваме повеќекратно учество на еден член во едно истражување и ги контролираме сите добиени податоци со цел да бидеме сигурни дека нема нечесно однесување и може да се потврди веродостојноста на податоците.

Можам ли да го откажам своето членство во онлајн панелот „Прашалник“?

Секако. Можете во секое време да го откажете своето членство. Доволно е да побарате такво нешто на нашата е-маил адреса: otkazuvanje@prasalnik.mk

Како се врши изборот на испитаници кои ќе учествуваат во одредено истражување?

Кој се ќе добие можност да учествува во истражувањето се одлучува преку предселекција на членовите. Имено, од темата на истражувањето зависи кој демографски профил на испитаници најмногу одговара за пополнување на прашалникот за тоа истражување. Врз основа на податоците од вашата регистрација ние ќе ве контактираме со пред-прашалник за сите истражувања кои одговараат на вашиот профил. Пред-прашалникот најчесто се состои од 2-4 прашања чија цел е да ни дадат слика дали вие би биле соодветен испитаник за конкретното истражување. Доколку сте, во рок од еден до два дена после пополнетиот пред-прашалник ќе добиете прашалник од тоа истражување.

Што ако не пополнам прашалник?

Нема проблем. Ние знаеме дека не секогаш пополнувањето на прашалникот зависи од вашата воља, некогаш ќе немате време, некогаш проблеми со конекцијата, некогаш од лични причини нема да бидете во можност да одговорите на понудениот прашалник и тоа е сосема во ред. Во секој случај наша препорака е да искористите што е можно повеќе можности за одговарање на прашалници бидејќи на тој начин можете повеќе да заработите.